Тасевски лут на премиерот: Се правиш ќор при очи, треба да полудиш од бес и да побараш полиција да интервенира, не да глумиш мајка Тереза
Револт предизвика плочата со картата на т.н. „голема Албанија“ поставена во меморијалниот центар на УЧК во кумановско Сопот, која беше отстранета по два дена. Актерот Сашо Тасевски ја искоментира и премиерската изјава на Димитар Ковачевски кој кажа дека ставањето на ваква карта е потег задоцнет 145 години.
„Таче, со карти на Голема Албанија ти мафтаат сега пред очи, не пред 140 години. Тие карти дилајло неопеана значат промена на граници. Значат негација на постоење на било каква држава или територија за Македонците. Значат протерување и окупација на македонскиот народ. Негова палестинизација. Сега и овде, токмак еден. Тие што ги мафтаат тие карти, се поддржани од друга соседна држава која барабар со оваа седи во НАТО на иста маса. Се бори за влез во посраната ЕУ барабан со нас. И ти пред таа реалност која ни се случува и одвива пред очи наречена Голема Албанија, која е во завршна фаза на реализација, се правиш ќор при очи. Треба да полудиш од бес на тие провокации, да побараш од полицијата да интервенира, да ги сруши сите обележја со тие мапи, не да глумиш мајка Тереза. Лупеташ дека таа е демоде агенда. Нема врска. Ние сме глупите. Ако си ти глуп и ограничен, немој таа глупоќа да им ја продаваш на Македонците како врвна политичка мудрост. Оти глупиот кога знае да ќути не знаеш дека е глуп. Ти не знаеш да ќутиш па излегуваш и смешен. Ама поради функцијата што ја имаш ги правиш глупи и смешни и Македонците пред светот.
Ќути човече и моли се што побрзо да заминеш од власт. Штеточино една“, напиша Тасевски.
Тасевски се осврна и на проблемот со мапите со т.н. „голема Албанија“. Покрена акција да се споделат стари карти од Македонија.
„Нека биде денес денот на стари карти. Споделете стари карти. За инает на имбецилон што го турија со багер да води држава. Не му пречат карти со Голема Албанија. Да видиме што ќе каже за ваква карта. Ретардо, дали е картава доволно стара според тебе. Обиџуко, ти што мислиш? Ќе ја оставите на фејсбук ваква или ќе ја бришете? Можеби ќе ме пријавите кај вашите ко вас ретардирани Комисии за прогон на Македонци?“, додаде Тасевски.
Актерот важи за критичар на власта.