Скопје

(Фото) Пропадна тампон во Гази Баба: автобус на ЈСП не можеше да помине, гуми беа расфрлани

Пропадна тампонот на патот од Стајковци до Црешево, а го блокираше и патот. Автобусот кој се обраќа на оваа линија, не можел да помине поради страв дека може да се преврти. На улицата има дупки, а околу, се расфрлани и гуми од автомобили. Информацијата стигна и до градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефановски.

„Веднаш по информацијата дека е пропаднат тампонот на патот од Стајковци кон Црешево на прекопот кој е направен поради изградбата на новата фекална канализација дадов налог на службите да излезат на терен. Лично направив контрола на терен извршена е санација и сообраќајот се одвива без прекин“, вели Стефановски.

Дождот кој го зафати скопскиот регион, направи и проблеми во сообраќајот низ центарот на градот.

На почеток