Обвинителството му врати на Меџити: Водиме предистражна постапка и не постапуваме по барања – воздржи се!
Обвинителството во возврати ударот кон министерот за здравство, Фатмир Меџити, кој денеска на прес-конференција уште еднаш ја повика истражната институција да излезе со информации за скандалот на Клиниката за Онкологија по сомневањата дека на пациентите им бил даван физиолошки раствор место биолошка терапија. Од Обвинителството кажаа дека се работи темелно и одговорно.
„Јавното обвинителство води предистражна постапка и не постапува по барања на други лица. Информации се споделуваат единствено во обем кој нема да наштети на постапката. Јавните обвинители работат темелно и одговорно, почитувајќи ги сите законски рокови. Јавното обвинителство апелира политичарите да се воздржат од употреба на овој чувствителен предмет во политички цели“, велат од Обвинителството.
.