Мајка му на Камчев, „Орка“, Самсоненко завршија на црната листа на САД


Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина и Ратка Куновска-Камчева, мајката на Орце Камчев се најдоа на американската црна листа каде им се придружија на Рамиз Мерко, Никола Груевски, Сашо Мијалков. Одлуката е објавена на веб сајтот на американското Министерство за финансии.
На листата се ставени и компаниите „Систина Лајф Кеар Центар“, „Орка Холдинг“, „Бет сити“, „Орка Фајнанс“, „Камчев консалтинг“. Во соопштението на американската Министерство за финансии се вели дека Самсоненко има двојно државјанство, на Русија и Македонија. Тој, сопругата и Камчева се означени од САД поради тоа што материјално му помагале, го спонзорирале или му обезбедувале финансиска, материјална или технолошка поддршка на Орце Камчев.
Основата за ставањето на црна листа за брачната двојка Самсоненко и мајката на Камчев се трансакциите опфатени со случајот Парцели на Водно, во кој Русинот сведочеше, а Камчева со синот Орце беше обвинета за перење на пари.
