Македонија

(Фотосторија) Што остана од собраниската сала: генералната секретарка со потези за превенција, потпретседателот не искористи обезбедување

Тензичната собраниска седница заврши, новиот Деловник е донесен, а претседателскиот пулт во пленарната сала е демолиран. Неколку монитори се откорнати и искршени, исто така и телефони кои ги користат генералниот секретар Цветанка Иванова и службенците, а хартии се расфрлани на сите страни. Иако беше фрлано кон потпретседателот Горан Мисовски, тој не е повреден.

Во текот на седницата, не остана незабележано и однесувањето на генералната секретарка Иванова. Додека потпретседателот Мисовски не реагираше и гледаше кон пратеникот на Левица Борислав Крмов кој фрлаше кон него, Иванова внимаваше да ги тргне сите потешки предмети од пултот, а кои можат да бидат искористени за да бидат фрлени кон нив двајца. Па така, таа ги тргна шишињата и стаклените чаши.

Иванова, кога виде дека ситуацијата ескалира, а како превенција, се обиде незабележнително да ги тргне и сите хартии кои беа пред неа.

Позади Иванова и Мисовски, имаше куп хартии. Во еден момент од седницата, Мисовски искоментира дека ги тргнал очилата за да не случајно при фрлањето со хартии кон него од страна на Крмов, но и пратеникот Димитар Апасиев, тој биде повреден.

По неколку часа, отфрлени беа сите амандмани на Левица, тие не беа извадени од салата и немаше реакција на обезбедувањето. Новиот Деловник беше донесен.

(Видео) „Ајде тепајте ме“ – ескалираше состојбата во Собрание

На почеток