Македонија

Манчевски и Дескоска не гледаат непотизам во именувањето на баџанакот на Џафери во Антикорупциската комисија

Министрите Дамјан Манчевски и Рената Дескоска не гледаат непотизам во именувањето на баџанакот на спикерот Талат Џафери во Антикорупциската комисија. Според нив со избирањето на баџанакот на Талат Џафери за нов член на антикорупциската комисија не е прекршување на законот за избор на нови антикорупционери.

Според Манчевски членови на сдсм биле најдискриминирани граѓани во државата со тоа што им било забрането да се вработуваат во јавен и приватен сектор 10 години Тој порача антикорупциската комисија е институцијата која треба да провери дали во новите вработувања има и непотизам и судирна интереси.

И Манчевски и Дескоска сметаат дека на Нури Бајрами треба да му се даде шанса и да се види како ќе работи и колку ќе се бори против корупцијата.

На почеток