Македонија

Филипче: Погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ допринесоа да имаме жртви од морбили

Министерот за здравство, Венко Филипче, во вестите на 1 ТВ ја обвини претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ за тоа што денеска епидемијата на мали сипаници ја зема третата жртва, откако почина 13-месечно детенце.

-За жал веќе има три смртни случаи, морам да кажам дека ми е жал, но до тука не доведоа погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ. Токму таа погубна политика на претходната партија на власт не доведе до тука, како и на силните антивакцинални кампањи – рече министерот во краткото гостување во вестите на 1ТВ.

Како што рече Филипче, две од починатите дечиња не можеле да се вакцинираат, едно поради здравствена состојба, а другото затоа што било премало.

Филипче вели дека дневно има 4 до 5 нови случаи на заразени од морбили.  Тој додава дека комисијата за заразни болести, која заседавала денеска во Министерството, одлучила од утре да се повикаат родителите да ги вакцинираат и своите 6-месечни бебиња кои не се вакцинирани.

На почеток