(Видео) Рекакциите на делегациите кога Лавров влезе во салата каде се одржува Самитот на ОБСЕ
Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, не се поздрави, ниту прозборе со било кој дипломат во салата „Борис Трајковски“ при влезот во салата каде се одвива Самитот на ОБСЕ. Тој влезе и со протоколот се упати директно на местото предвидено за преставник на Руската федерација.
Тој седи до министрите од Сан Марино и Романија. Токму во моментот на седнување, сите погледи се свртеа кон него, а дипломатот од Сан Марино се ракуваше со него.
Пред да влезе, Лавров не одговори на ниту едно прашање од новинарите.
Лавров го има статусот на „ѕвезда“ бидејќи повеќе делегации, меѓу кои украинската, откажаа присуство на Самитот поради неговото присуство. Во последен момент кажа дека ќе лета за Македонија. Имаше и проблем со прелетот, бидеќи во авионот со него имаше делегат за кого земјите од ЕУ имаат донесено забрана.
Во салата се чека делегацијата на Франција.
(Видео) Лавров стигна во „Борис Трајковски“ – новинарите го нападнаа со десетици прашања