Македонија

(Видео) Солзи, воздишки, ружи за Вања во „Песталоци“ – книгата на жалост полна со сочувства

Соченици, пријатели, познаници и непознаници – редици пред книгата на жалост во ОУ „Јохан Хајнрих – Песталоци”, каде учеше убиената Вања Ѓорчевска. Со солзи и воздишки, завиено во црно, многумина се простуваат од 14-годишното девојче за кое тагува цела Македонија.

Пред книгата на жалост, сликата од Вања, носи уште поголемо треперење кај секој што се потпишува во неа. Дел од нејзините соученици, оставаат цвеќиња и мечиња.

Општина Центар ги повика блиските и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит да дојдат да се потпишат.

Во моментот, менаџментот на училиштето во соработка со повеќе психолози се подготвува за утрешниот ден со цел обезбедување поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат овој трагичен настан.

На почеток