Македонија

Притвор за Палчо, кога ќе биде најден – покрената истрага

Истрага е покрената за Љупчо Палески-Палчо, кој ги извршил двете убиства на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Тие посочуваат дека бил доставен предлог за притвор кој е прифатен, а ќе се спроведе кога Палчо ќе биде најден.

„За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела – Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода“, велат од Обвинителството.

Љупчо Палевски од бизнисмен и политичар до контроверзна личност и ладнокрвен убиец на 14-годишната Вања

Објавена меѓународната потерница по осомничениот убиец на Вања и Панче

На почеток