Македонија

Костадинов: Не би го загрозиле датумот за преговори со ЕУ со предвремени парламентарни избори

СДСМ превзема одговорност пред грѓаните и интересите на државата. Државотворна партија на која на прво место и се овие интереси и не мисли на предвемени парламентарни избори дури и кога рејтингот е многу поголем од оној на опозицијата, изјави Костадин Костадинов по завршувањето на Извршниот одбор на партијата.

„Веќе сме дел од НАТО, очекуваме датум за преговори со ЕУ и реализирање на потребните реформи. Одговорна партија не би ја загрозила таа шанса Не би го загрозила датумот за преговори со ЕУ со предвремени избори и стопирање на реформите.

Република Северна Македонија ја очекуваат кристално чисти фер и демократски претседателски избори на кои ќе победат граѓаните, ќе победи СДСМ. Фер избори на кои ќе изгуби ВМРО-ДПМНЕ. Деструкцијата и блокадите ќе бидат поразени.

Извршниот одбор на СДСМ го овласти претседателот на партијата, генералниот и организациониот секретар да направи консултации со коалициските партнери како и други парламентарни и вонпарламентарни партии за да дојдеме до консезуален кандидат за претседател на државата“, изјави Костадинов.

 

 

На почеток