Македонија

Пендаровски се дообјаснува: Не е момент во овие траорни времиња да зборуваме за втор мандат, ќе се произнесам кога ќе дојде време

Претседателот Стево Пендаровски вечера со нова изјава за тоа дали влегува повторно во претседателската трка. Еве го дообјаснувањето на Пендаровски на прашањето дали размислува за втор мандат.

„Прашањето на вашата колешка беше дали размислувам за втор мандат. Јас реков дека не размислувам и право да ви кажам не знам кој нормален човек, граѓанин на нашава Македонија или политичар најмалку, би можел во вакви траорни времиња низ кои поминуваме да размислува за власт, за избори, за мандати. Изборите се догодина, закажани за април и за мај, имаме доволно време после Нова Година да размислуваме за тие работи, меѓутоа во овој момент моите мисли се насочени само кон семејствата на настраданите и се разбира во рамките на мојата функција да го изработам до крај мандатот, во согласност со потребите на граѓаните кои ми ја дадоа честа да ја водам државата пред четири и пол години”, изјави Пендаровски.

На почеток