Македонија

Адвокатот на Палчо во полициска станица, откако го изнесе од Македонија пред да стане осомничен

Адвокатот Васко Стојков, кој го изнел од Македонија Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен за киднапирањето и убивањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски е повикан во полициска станица, потврдуваат од МВР за „Скопје1“. Ова доаѓа по два дена откако тој во медиумите се јави со изјава дека Палчо го носел во Белград на 30. ноември.

Не е првпат, Стојков да биде во полициска станица. И претходно се објаснуваше зошто се решил да го однесе Палчо во странство и ги правдаше своите чекори. Според неговиот исказ во медиумите, тој му кажал да го однесе во соседството на здравствени прегледи. Го оставил, се вратил во Скопје. Кога дознал дека е осомничен, според неговите тврдења, му пишал порака да се врати во Македонија и да даде исказ пред истражните органи.

Познато е и дека по Стојков, во Белград отишло друго лице од Струмица, со цел да го транспортира до следната локација – Бугарија, а од таму Турција. Тој возел „ланд ровер“ и го оставил Палчо до конечната локација. Станува збор за лице кое дејствувало во партијата „Десница“, чиј основач и претседател е Палчо. Сега, е во притвор кој ќе трае 48 часа.

Сведоштво на адвокатот на Палчо: Го однесов во Белград, не знаев за овие работи, му пишав да се врати и да даде исказ

На почеток