Свет

(Видео) Експлозии во близина на американската амбасада во Багдад, се огласија сирените

(Видео) Експлозии во близина на американската амбасада во Багдад, се огласија сирените

Рано утринава се слушнаа експлозии во близина на американската амбасада во ирачкиот главен град Багдад и се огласија сирените, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на добро информиран извор.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на амбасадата не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Не е јасно дали се активирани системите за противвоздушна одбрана на амбасадата и дали е причинета некаква штета. Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.

Повеќе од 70 напади се извршени врз американските сили во воените бази во Ирак и Сирија од средината на октомври, а дипломатските мисии се поштедени.

To Top