Македонија

Конечната Спогодба влегува на сила: Доставено заедничкото писмо до Генералниот секретар на ООН

Вчера било доставено заедничкото писмо до Генералниот секретар на ООН, со кое се информира Антонио Гутереш за датумот на влегување на сила на Конечната Спогодба, со што се става крај на повеќедеценискиот билатерален спор меѓу двете земји, велат од МНР.

Од таму додаваат дека Вербалните ноти до Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останите меѓународни организации чија членка сме, ќе бидат испратени во најкус можен рок, тој процес е во тек.

На почеток