Свет

„Животот му е во опасност“ – ни трага, ни глас од најголемиот непријател на Путин

„Животот му е во опасност“ – ни трага, ни глас од најголемиот непријател на Путин

Поддржувачите на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални велат дека немаат контакт со него веќе три дена.

dobivaj vesti na viber

Претседателката на неговата антикорупциска фондација Марија Певчик во петокот на мрежата Икс напиша дека „Навални го нема веќе три дена“.

– Животот на Навални е во голема опасност. Сега е во целосна изолација – напиша таа.

Во објава на Инстаграм во петокот, Руслан Шавединов, исто така од истата фондација, напиша дека последната информација за Навални е дека му се слошило во затворската ќелија откако бил подложен на тешки услови, вклучувајќи ограничена храна, недостаток на вентилација и минимално време потребно за рекреација.

– Единствената заштита за Навални е публицитетот – напиша Шавединов.

Соработничката на Навални, Кира Јармиш, во петокот на мрежата Х напиша дека адвокатите на опозицискиот лидер цел ден чекале надвор од затворот без дозвола да го посетат својот клиент.

Таа рече дека неговите сојузници не добивале писма од него повеќе од седум дена, што според неа е невообичаено.

– Нашите писма до него исто така не беа доставени – напиша таа.

На почеток