Спасовски му посака долг живот на Мицкоски, откако лидерот најави: „Нема да има мир додека сум жив“
Желба за долг живот му испрати министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Ова доаѓа откако Мицкоски најави одговорност по неговото доаѓање на власт, оти смета дека истрагата на МВР за пронаоѓање на Вања Ѓорчевска била задоцнета. Спасовски му одговори.
„Додека е он жив или јас? Изјавата беше дека јас нема да имам мир, додека е он жив. Јас му посакувам долг живот“, рече Спасовски.
Претходно, Мицкоски побара и оставка од министерот.
„Од Спасовски со месеци наназад бараме оставка, му се случија криминалци белосветски да добиваат пасоши, му се случија скандали како на никој министер за внатрешни работи во историјата на Македонија и нему око не му трепна. Напротив, тој со овој полусвет живееше, стимулираше и мислеше дека ако ја напаѓа опозицијата преку овој полусвет и мене лично и моето семејство дека на тој начин ќе обезбеди мир за себе, но нема да обезбеди мир додека сум јас жив. Нема да обезбедат мир сите овие кои се виновни за смртта на малата Вања“, заклучи Мицкоски.