Скопје

(Видео) Данела ја доукраси „несреќната“ елка на плоштадот во Скопје

Лавината од реакции и коментари со остри критики, ја натераа скопската градоначалничка, Данела Арсовска, да ја доукраси елката на плоштадот „Македонија“, која и регионот ја опиша како „грда“ и „несреќна“. Сега, целата е со лампиони и светилки, а има и по некој минувач кој застанува да направи „селфи“ со неа.

Сепак, и натаму има граѓани за кои елката е накитен конус, кој само глуми елка. За разлика од претходно, сега има три различни видови на сијалички и повеќе лампиони.

Вчера, елката беше украсена до половина и таква беше оставена до попладнево. Не се знае колку ја плаќаме и кому. Арсовска одамна се прави зад затворени врати, а до информација од Град Скопје речиси е невозможно да се дојде.

За елката, пишуваше и целиот регион. Сепак, првите исмејувања дојдоа од дома, на социјалните мрежи.

To Top