Скопје

(Видео) Со чудно светлечко шоу, заменето новогодишното украсување во Ченто

Новогодишните светилки и елка во паркот во Ченто, оваа година ќе останат само желба за дел од жителите, која годинава е да заменета со светлечкото шоу кое сами го карактеризираат како „најјако во Скопје“.

Уличните лед-светилки прават уклучи-исклучи, па жителите се шегуваат дека се супер замена на украсувањето.

„Може нема пари за украсување на паркот во Ченто, ама затоа има најјако лајт-шоу во цело Скопје“, пишува жител на овој дел од Скопје, а друг коментира: „И Ченто може да прослави“.

Причината за проблемите со светилките засега не се знае. Жителите сметаат дека е можеби поради недоволна јачина на струјата.

„Намалена моќност на струјата има, затоа е лајт шоуто. Односно има пад на напон“, коментира друг жител.

Овој дел од Скопје не е украсен оваа година.

На почеток