Обвинителката Раичевиќ е огорчена оти колегите ја прогласија неподобна за наследник на Јовески
Обвинителката Лидија Ричевиќ која беше прогласена за неподобна за да стане Јавен обвинител на Република Македонија, не е разочарана туку е огорчена. Таа за „Топ тема“ кажа дека членовите на Советот на јавни обвинители ќе мора да ја образложат одлуката, бидејќи изјавите дадени за медиумите се недоволни за да сфати зошто таа не доби поддршка од колегите.
„Мојата институција и Советот кој треба да ја креира, морам да го почитувам. Но притоа ќе ви кажам дека аргументите изнесени ќе мора да бидат образложени на поадекватен начин. Огорченоста е голема поради карактеристиките и квалификациите кои се даваат, а нема соодветно решение“, рече Раичевиќ за „Топ тема“.
Таа кажа дека е професионален обвинител кој работи над 20 години. Посочи дека Обвинителството мора да има јавен обвинител на кој мора граѓаните ќе му веруваат.
Обвинителот во Републичкото обвинителство, Љупчо Коцевски, останува осамен во трката за државен обвинител. Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење единствено за него. Предлогот патува до Владата, а потоа, оттаму до Собранието на гласање. Членовите кажаа дека неговата документација е комплетна и уредна, за разлика од документацијата на кандидатот Фатиме Фетаи.
Љупчо Коцевски останува осамен во трката за државен обвинител