Се соочија Петровска и Ковачки, а судењето премина во јавна „војна“
Министерката за одбрана, Славјанка Петревска, го обвини пратеникот Драган Ковачки дека ги одолговлекува судењата каде таа го тужи за клевета, оти бегал од правдата. Според неа, Ковачки се плашел од прашања кои би ја покажале вистината. Судскиот процес е во тек, а Петровска докажува дека немала хациенда, како што тврдеше Ковачки.
„На денешната главна расправа во врска со мојата тужба против лажгото и манипулатор Драган Ковачки, кој ја фрли униформата и облече лакирани чевли и свилен костум, требаше да се соочи со вистината, со една од двете сини папки во кои се доказите за неговите лаги дека сум криела имот. И знаете што се случи, тој кој пред два месеци обвинуваше дека некој друг се криел позади женска сукња, денес се исплаши од вистината и правдата. Подмолно, како што и му личи одби да се соочи со прашањата кои требаше да му бидат поставени“, посочи Петровска.
Според неа, правда за нејзиниот случај ќе има.
„Замислете, дојде во судница без документ за идентификација, без лична карта или пасош. Само за да не му бидат поставени прашата кои ќе ја разобличат неговата лага. Лесно е да се зборуваат лаги, ама тешко е да се соочиш со вистината. Правдата е спора, ама стигнува, исто како и вистината, колку и да пробуваш да ја скриеш ќе излезе на виделина“, додава Петровска.