Три сообраќајки, младо момче прободено со нож – 103 пациенти барале помош во Ургентен за време на новогодишната ноќ
Од
Објавено на
На Клиниката, докторите не задржале на болничко лекување ниту еден пациент и сите се пуштени на домашно лекување.
Во Ургентниот центар во Скопје биле извршени 103 прегледи, од кои три сообраќајни незгоди. Еден од пациентите е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман, но е во стабилна состојба.
Имало и три физички напади, еден пациент на возраст од 23 години е примен на Клиника за тораковаскуларна хирургија поради убод со нож, но е во стабилна состојба.
Останатите случаи се со лесни телесни повреди.