Македонија

Поларен бран и снег во Македонија веќе од Божиќ, најавува Поповски

Метеорологот Славчо Поповски вели дека се поизвесно е дека од Божиќ на Балканот, вклучувајќи ја и Македонија ќе пристигне силен поларен бран кој ќе ни донесе екстремно ниски температури на воздухот и многу снег.

„Според најновите ажурирања на нумеричките модели, најмногу снег ќе има околу 10 и по 10 јануари, насекаде низ Македонија над 20 сантиметри, понекаде и над 50 сантиметри, додека на Скијачките центри дури и над 100 сантиметри. Многу снег ќе има во целиот регион. Се работи за голема снежна бура и леден бран. Во нашиот регион (Балканот) очекуваме температурите понекаде да се спуштат дури до околу -25 степени, а во Алпскиот регион и под -30 степени“, вели Поповски.

Новогодишната ноќ помина со прилично високи температури.

На почеток