Македонија

(Видео) „Нема ДНК од Палчо“, спрскиот политичар наместо докази, излезе со теории и неофицијални информации

Српскиот политичар, Срѓан Ного, објави неколку фотографии од бензинска, тонски снимки, како и тврдења дека Александар Ѓорчевски, татко на Вања Ѓорчевска, го решил случајот. Најголемиот дел од емисијата е врз база на претпоставки, како и теории што се случувало. Раскажува за тоа какви биле семејствата на мајката и таткото на Вања, колку пари имале и каде поседувале недвижности. Во најголем дел, политичарот го претставува Ѓорчевски како невино лице. Ного излезе и со тврдење дека не е најдена ДНК од осомничениот Љупчо Палевски-Палчо. Посочува дека планираното било да се киднапира и сестрата на Вања. Сето ова, илустрирани со општи фотографии, но не и документи.Ного ги искритикува Обвинителството и МВР, за кои посочува дека се непрофесионални и дека оставиле други да им ја завршат работата.

„Зорица Ѓорчевска, мајка на Вања е ќерка на Ванчо Лазаров. Домника е нејзината мајка, моќна жена. Ванчо и Домника купиле стан од Палчо. По нивната смрт, во станот се вселуваат Вања, Зорица и Миња. Станот го наследува Зорица, а го препишува на Александар. Зорица живеела на Водно, во стан за кој сега се тврди дека е продаден, а не е. Единствен стан продаден, е кај Железничка. Од тие пари, се патувало и купила автомобил. Родителите на Александар, има три станови со вредност од 500 илјади евра, имот во Кучково. Не е точно дека целта е користољубие, бидејќи Александар имал имот кој можел да го продаде, да земе кредит, становите немаат хипотеки“, вели Нога, со цел да прикаже дека такото на Вања немал потреба од станот на Зорица, теорија која беше пласирана во јавност.

Политичарот посочува дека таткото пријавил после мајката директно во станица, оти така се пријавува исчезнато дете.

„Првата пријава ја поднела мајката“, се вели во видеото.

Во целото видео, српскиот политичар ја обвинува полицијата дека не ја завршила професионално работата.

„Александар Ѓорчевски го решил случајот со исчезнувањето на Вања, кога го поврзал исчезнувањето на Панче Жежовски и автомобилот со исчезнувањето на неговата ќерка. Тој им обезбедил материјали на полицијата. Предал видео снимки. Некои од нив ќе ги видите и во оваа емисија. Заслугите одат кај Александар Ѓорчевски, тој открил и поврзал нешто што не требало да биде откриено. Тој наместо орден, тој е уапсен, ставен во притвор и медиумски сатанизиран. Останува уште да биде убиен“, кажа Срѓан Нога.

Тој додава дека целта е да се убие таткото, за да не одговара никој. Посочува дека Обвинителството нема никакви докази за поврзаност помеѓу Палчо и таткото Александар Ѓорчевски, но не објави никакво вештачење или документ со што ќе го потврди ова.

На почеток