Имало неуспешен обид за грабнување на Вања: на снимките се гледаат лопати и вреќа за спиење, како и движењето на обвинетите


Обвинителството пред судот низ снимки докажуваше како обвинетите за грабнувањето и убивањето на Вања Ѓорчевска, имале неуспешен обид за делото да го сторат на 24 ноември, а тоа е три дена пред девојчето да биде ликвидирано. Според обвинителите, во куќата на Велибор Манев се подготвувал грозоморниот чин.
Прв кај Манев доаѓа Велибор Видевски со возило „Шкода“, во 3:47 минути. Обвинителите посочуваат дека се гледа дека е облечен со истата јакна и капа кои ги носел денот кога бил убиен Панче Жежовски. Презентирајќи ги снимките, обвинителите рекоа дека Манев и Видевски разменуваат ракавици, а Видевски, ги навлекува на рацете. Оттука, одат пеш во правец кон Велес, а на која страна се наоѓа и домот на веќе убиениот Жежовски (на соседна улица).
Назад кон куќата на Манев се враќаат во 4:28 минути, се враќаат назад. Манев го зема „Реното кангу“ кое е паркирано во куќата, Боре Видевски седнува на совозачко седиште и заминуваат во правец кон Велес.
Според Обвинителството, ова се моментите кога обвинетите неуспешно се обиделе да ја грабнат Вања Ѓорчевска.
Утрото, на 24.11 во 10:08 минути, „Реното кангу“, се враќа.
„По неуспешниот обид за грабнување на Вања, утрото на 24.11.2023 година“, рече обвинителката.
Боре Видевски излегува од совозачкото седиште, а возел Велибор Манев. Видевски замнува со автомобилот „шкода“ со кој претходно дојде.
„Од гепекот на „реното“ вади вреќа за спиење, темно сина боја, ја дипли и ја враќа. На снимка од 25.11 пред куќата се паркирани ‘Mерцеседот’ и ‘Реното кангу’. Манев излегува од ‘мерцедесот’ и оди кон ‘шкодата’, двајцата стојат на улицата. Потоа, Боре Видевски се упатува кон ’Рено кангу’ и седнува на возачкото место, а Манев влегува во ‘Mерцедесот’. Во 16:41 тргнуваат двете возила кон Велес. Во 19:30 доаѓа ‘Мерцедесот’, Боре излегува, ја отвара капијата и паркира. Боре Видевски се упатува кон ‘Шкодата’ и заминува. Заклучуваме дека возилото ‘Рено кангу’ се движи кон Скопје за да биде искристено за настанот од 27.11.2023 година, а ‘Mерцедесот’ на Манев се враќа за да може да се искористи за планираните активности на 26.11 и на 27.11.2023“, рече обвинителката Ана Стојновиќ-Димитриевска.
Обвинетите се среќавале и по убиството на Вања Ѓорчевска.
