Македонија

Министерката за финансии: Ако постои ‘картелско’ здружување на маркетите, цените ќе беа тука некаде, не е така!

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, изјави дека Владата водела долга дискусија за цените на производите и заклучила дека се потребни долгорочни решенија, а не краткорочни мерки како замрзнување на цените.

„Ако постои ‘картелско’ здружување на маркетите, цените ќе беа тука некаде, но и сами знаеме дека не е така. Секој има можност и опција да пазари каде сака“, рече денеска министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа нагласи дека одлуките се носат врз основа на податоците од Државниот завод за статистика и повика на поширок пристап при анализите. Според неа, базичната инфлација е ниска, а најголем придонес за растот на цените имаат угостителските услуги.

Претседателот на ССК, Трајан Ангелоски, истакна дека ограничувањата во цените можат да имаат негативни последици и дека е потребно да се поттикне домашното производство и конкуренцијата за да се стабилизира пазарот.

На почеток