Хаос при приведување во Кратово: Прво со нож нападнал две лица, па потоа натепал и полицаец
Во 01.40 часот во ОВР Кратово било пријавено дека во центарот на Кратово, пред угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир од страна на А.Ј.(26) од Скопје кој физички го нападнал С.П.(21), а со остар предмет го повредил М.Д.(19), двајцата од Кратово.
„Полициски службеници излегле на местото и при обид А.Ј. да биде лишен од слобода, Д.К.(23) од с.Каврак, кратовско, физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејства, а двете лица избегале со патничко возило, управувано од Д.М. од с.Железница, кратовско“, велат од МВР.
Малку подоцна Д.К. е пронајден и лишен од слобода, известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот до инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.