Со кликови на лажна порака, скопјанка остана без 850 евра – измамниците роварат во Македонија, операторите не стопираат
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/01/бхј.png)
Лажните пораки за пратки и натаму ги празнат сметките на граѓанитите во Македонија. Илјадници броеви се цел на фишинг напад, а дел од корисниците кои чекаат пратки наседнуваат на лагата и плаќаат, а потоа остануваат со испразнета сметка. „Скопје1“ за овој проблем пишуваше минатата, но и на почетокот од оваа година. Надлежните органи не ги најдоа лицата кои стојат зад кражбите на податоците, а операторите не најдоа начин да ги стопираат криминалците.
Скопјанката Марија Баришин Луче сведочи како сметката и ја испразниле за 850 евра. Таа се жали и на реакцијата од банката. Нејзе и стигнала порака дека треба да плати давачка за царинење.
„Ако добиете ваква порака од Пошта за плаќање данок никако не плаќајте. Ми собраа 850 (100, 250, 250, 250) евра додека чекав да се слушнам со стопанска банка да блокираат и поднесат за рекламација“, пишува таа.
Пораките можат да бидат различни. Граѓани кои добиле пораки за „Скопје1“ сведочат дека има и други содржини на пораките. Всушност, станува збор за слична порака, само на кирилица.
„Вашата нарачка бр… подлежи на царина, ве молиме одете на … за повторна испорака“, стои во друга порака.
„Скопје1“ и претходно пишуваше за ваквите измами, со апел да не се наседнува.
Нова година, стари измами – се празнат сметки на граѓани од Македонија преку лажни пораки
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)