(Видео) Теророт во Еквадор ја парализира земјата, банди упаднаа во ТВ станица – шок во земјата
Маскирани мажи упаднаа во студио на телевизиска станица во Еквадор мавтајќи со пиштоли и експлозиви за време на пренос во живо. Претседателот Даниел Нобоа веднаш издаде декрет со кој се прогласува дека земјата влегла во „внатрешен вооружен конфликт“ поради насилството.
Мажите вооружени со пиштоли и нешто што изгледаше како динамит упаднаа во програмата во живо за време на информативната програма, која ја следеа илјадници домови ширум земјата, извикувајќи на програмата дека имаат бомби. Се слушнале и звуци слични на истрели, пишува АП.
Во нападот нема загинати, а властите подоцна објавија дека сите напаѓачи, вкупно 13, се уапсени и ќе одговараат за тероризам. Еквадорскиот закон предвидува затворска казна до 13 години за секој кој е осуден за тероризам.
NEW: Ecuadorean television station is taken hostage by armed thugs during a live broadcast.
Wild.
The staff was told to lie down on the floor as gun shots could be heard in the background.
The incident comes as gangs continue to take over the streets in Ecuador after President… pic.twitter.com/1ZyDxy4BRO
— Collin Rugg (@CollinRugg) January 9, 2024
Властите не кажаа кој стои зад инцидентот или низа други напади што неодамна ја потресоа јужноамериканската земја, но дека сето тоа најверојатно е поврзано со бегството од затвор на двајца од водачите на најмоќните нарко банди во Еквадор.
Алина Манрике, шеф за информации на споменатата телевизија, изјави дека била во контролната соба кога напаѓачите влегле во зградата. Еден од нив и вперил пиштол во главата и и рекол да легне на подот.
CAPTURADOS
Como resultado de la intervención en @tctelevision #GYE, nuestras unidades policiales hasta el momento logran la aprehensión de varios sujetos e indicios vinculados al ilícito.
Posterior más detalles… pic.twitter.com/tPq7FfaGcM
— Policía Ecuador (@PoliciaEcuador) January 9, 2024
Инцидентот бил пренесуван во живо, иако сигналот на станицата се изгаснал по 15 минути. Манрике рече дека некои од напаѓачите побегнале од студиото и се обиделе да се скријат кога сфатиле дека се опколени од полиција.
„Сè уште сум во шок. Сè што знам е дека е време да ја напуштам оваа земја и да заминам далеку од овде“, изјави Манрике за Асошиетед прес во телефонско интервју.
Еквадор беше потресен од серија напади, вклучително и киднапирање на неколку полицајци, по бегството на озлогласениот водач на банда од затвор во текот на викендот. Нобоа во понеделникот прогласи вонредна состојба во земјата, мерка што им овозможува на властите да ги суспендираат човековите права и да ја мобилизираат војската на места како што се затворите.
Набргу откако вооружени лица упаднаа во ТВ станицата, Нобоа издаде уште еден декрет со кој 20 банди за шверц на дрога кои дејствуваат во земјата како терористички групи.