Македонија

Одлуката за Незири од ДУИ и тепачите да се бранат од слобода за упадот во М-НАВ треба да се преиспита, порача Петровска

Кривичен суд да си ја преиспита одлуката за неодредување на притворите за Беким Незири од ДУИ и тепачите кои влегоа во М-НАВ, порача министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Таа кажа дека не сака да влијае на судиите, но треба ситуацијата да ја сфатат посериозно.

„Мислам дека ќе треба да си ја преиспитаат одлуката, не сакам да влијаам на одлуките од позиција на министер за одбрана, но мислам дека целата оваа ситуација треба посериозно да ја сфатат, ќе имаат дополнително време“, порача Петровска.

Од нејзе, дојдоа низа критики на сметка на М-НАВ.

„Во ниту една институција на државата, особено не во институциите кои се дел од критичната инфраструктура во државата, ваков тип на инцидент е недозволив. М-НАВ е институција во која се изведуваат специфични и специјални задачи и таму е потребно внимание и концентрираност во нивните задачи и надлежност. Таквите појави и однесувања на вработените и реакциите на синдикатите покажаа дека со таа институција недоволно добро се менаџирало и се раководело“, посочи Петровска

Според министерката, компромис со работи кои се однесуваат на безбедноста на граѓаните но и на оние луѓе ширум светот, не смее да има.

На почеток