Македонија

(Видео) Беким Незири дојде во суд, овојпат без лисици, со рацете во џеб и двајца адвокати – ќе се одлучува за притворот

Фото Канал5/Телма

Беким Незири од ДУИ, кои според истрагата ги пуштил тепачите во М-НАВ дојде во Кривичниот суд заедно со неговиот адвокат Еленко Миланов. За разлика од минатиот пат кога беше донесен со полиција и лисици на рацете, овојпат, дојде со свое возило, па сам влезе во судот.

Кривичен денеска ќе одлучува по жалбата на обвинителот, кој бара да се одреди мерка притвор за Незири, но и за тепачите кои влегоа во зградата на контролата на летање.

Незири влезе во судот без да каже ниту збор за медиумите.

Претходно:

За 48 часа ќе се знае дали Беким Незири и тепачите од М-НАВ ќе оди во притвор

На почеток