Македонија

Беким Незири од ДУИ тврди дека зад негов грб се случувало тепањето во М-НАВ, кажа адвокатот Миланов

Беким Незири од ДУИ нема намера да бега, вели негивот адвокат Еленко Миланов кој оваа теза ја презентираше и пред медиумите. Според него упадот не бил во контролната кула на летови. Но не кажа дали настанот е сепак во истата зграда, но во друга канцеларија.

„Сака да го докаже она што реално се случило, во кое што тој нема никаков допринос. Тој настан се случува зад неговиот грб, од други лица, без негово учество“, кажа Миланов.

Според адвокатот, во зградата на М-НАВ не влегле лицата кои тепале контролори.

Претходно: https://skopje1.mk/archives/274830

На почеток