Македонија

Измени на закон: Функционерите со обвиненија ќе останат без работа додека не докажат дека се невини

На функционерите кои ќе бидат обвинети за злоупотреби и корупција, да им престане функцијата, а пак, на фирмите да им се забрани да учествуваат на тендери. Ова се две суштински измени во Законот за рестриктивни мерки. Министерот Бујар Османи, кажа дека се предлага основ за воведување на овие мерки, покрај постоечките основи, да бидат корупцијата и злоупотребата на службена дожност.

„Се додаваат два важни инструменти, откако инстутицијата предлагач ќе ги достави сите докази, материјални и нематеријални до Јавното обвинителство, а обвинителството се задолжува да започне кривична постапка, па ако заврши со обвинение се воведуваат два инструменти – времено престанување на функција и забрана за учество во процесот на јавни набавки до правосилна судска пресуда“, кажа Османи.

Според новото решение, како основ за воведување на рестриктивни мерки ќе бидат и резулуциите од САД и Велика Британија.

„Како основ за воведување на рестриктивни мерки, во сегашното решение се задолжителни резулуции на Советот за безбедност на ОН, правни акти на ЕУ, други меѓународни организации каде членуваме и на барања на други држави за прашања на тероризмот и пролиферација на оружје“, додава Османи.

To Top