Македонија

Двегодишно дете почина на Клиника, таткото од Кичево осомничен дека ја претепал до смрт

Двегодишно девојче претепано од таткото, почина при лекување во Клиничкиот центар во Скопје. Мажот е уапсен во Кичево, станува збор за лице Ф.Д. на возраст од 30 години. Тој е осомничен дека во нивниот дом смртно го претепал детето.

Според полицијата, настанот се случил на 18. декември. Девојчето прво било лекувано во Кичево, а потоа донесена во Скопје поради сериозноста на состојбата. Лекувањето траело над 20 дена.

Полицијата со обвинителството ќе покренат постапка против таткото.

На почеток