Македонија

Холандскиот амбасадор барал поддршка од ДУИ против корупција, олигархијата има влијание во системот, кажа Османи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, смета дека средбата на холандскиот амбасадор во Македонија Дирк Јан Коп со лидерот на ДУИ, Али Ахмети била со цел да се побара поддршка од партијата за борбата против корупцијата. Одговарајќи на новинарски прашања, Османи кажа дека има разлики помеѓу неговите и размислувањата на амбасадорот.

„ДУИ најмногу зборува за борбата против корупцијата, затоа се бара поддршка од ДУИ. Во моите разговори со холандскиот амбасадор имаме две концептуални разлики. Тој смета дека ние можеме да постигнеме европски стандард за владеење на право без ЕУ. Јас сметам дека ние не можеме да постигнеме европски стандард, туку банкалски стандард за владеење на право. Тоа не можеме без преговори“, рече Османи.

Тој кажа дека олигархијата има влијание во државниот систем.

„Блокирањето на нашиот пат кон ЕУ е директна причина што немаме европски стандард. Мислам дека тука има многу сиви зони. Има една разлика, тоа е дека ставот дека има политичко влијание во судството, од наша страна сметаме дека олигархијата има влијание во критични точки во системите во државата кои се многу поопасни од било кое политичко влијание“, додава Османи.

Холандскиот амбасадор „удри“ по Ахмети за политичко влијание при разрешување на Беса Адеми, ДУИ возврати за да го одбрани

На почеток