Македонија

Уапсени четири лица за пукањето во Тетово, едно во бегство – МВР со детали

Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (11 јануари) во 23 часот и 10 минути во Тетово ги лишиле од слобода Р.Т.(35) и М.Т.(44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М.(39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното (11 јануари) пукање со огнено оружје пред Ургентен центар на тетовската Клиничка болница кое се случило околу 18 часот и 5 минути, а во кое со тешки телесни повреди (прострелни рани) се здобиле А.М.(41) и З.М.(36) од тетовското село Гајре.

„За уште едно лице се преземаат мерки за пронаоѓање.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од МВР.

На почеток