Македонија

Директорот на Агенцијата која го продаваше: Парадокс е синот Мијалков да го зема имотот од таткото Мијалков

Дритон Небиу, директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, вели дека парадокс е тоа кога од таткото имотот го зема синот, во случајот со купувањето на трите стана и гаража на Водно, конфискувани од екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, за случајот „Империја“ од неговиот син Јордан Мијалков.

,,Ова што се случува е парадокс кога синот го зема имотот од таткото.На Агенцијата ѝ е најважно дека тие пари што се стекнати на криминален начин, ги вративме кај граѓаните, заради тоа што законот им дозволува на сите правни и физички лица да учествуваат во јавната аукција, освен осудениот”, вели Небиу.

Директорот е јасен дека тие немаат законска можност да го ограничат тоа. Најважно, вели тој, е парите се враќаат кај граѓаните.
Тој се залага за смена на законот за да нема право блиската фамилија да учествува на аукцијат

Фирмата на Јордан Мијалков, „Бест веј инвестмент“ е новиот сопственик на трите стана и гаража на Водно, конфискувани од неговиот татко, екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, во случајот „Империја“.

Од лев во десен џеб: Како Мијалкови го изиграа законот и си ги купија становите за џ’блк

На почеток