Скопје

Василичарски оган ќе се пали вечерва во Геге

Василичарски оган ќе се пали вечерва во скопската општина Ѓорче Петров, односно во населбата Даме Груев. Традиционално, ѓорчепетровци ќе се соберат на едно место за да го прослават празникот. Настанот се одржува секоја година кај месната заедница во населбата Геге.

„Општина Ѓорче Петров, како и секогаш кога станува збор за овие традиционални денови кои ги одбележуваме, ќе биде покровител и на овој настан. За таа цел, ги поканувам сите ѓорчепетровци да присуствуваат на овој убав настан и заеднички да ја прославиме Василица“, напиша градоначалникот Александар Стојкоски.

Секоја година, на оган доаѓаат стотици граѓани.

На почеток