Македонија

Уште еден куќен притвор за упадот во М-НАВ на групата и Беким од ДУИ

Лицето кое вчера беше приведено на граничниот премин „Блаце“, а влегло во М-НАВ како учесник во групата која тепаше контролор на летање и се закануваше, доби мерка куќен притвор.

„За лицето осомничено за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај кое повеќе дена беше недостапно на органите на прогонот, а вчера беше лишено од слобода на граничен премин, Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство Скопје ќе вложи жалба на ваквата одлука“, велат од Обвинителство.

Претходно, куќен притвор добија и други осомничени, повеќе:

Беким Незири од ДУИ добива ќукен притвор, заедно со лицата кои упаднаа во М-НАВ

На почеток