Свет

(Видео) Тревога на највисоко ниво – еруптираа два вулкани

Во Индонезија околу 6.500 луѓе се евакуирани на островот Флорес откако вулканот Левотоби изминатите денови исфрли густи облаци од пепел, соопштија денеска властите.

Вулканот еруптираше 40 пати од неделата, испраќајќи облаци од пепел и пареа високи 500 до 1.500 метри.

Засега нема извештаи за можни повредени или поголема материјална штета, пренесе АП.

Властите минатиот вторник го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво.

Надлежните апелираат до локалната заедница и туристите да останат на растојание од четири километри од зоната на ерупција.

Левотоби е еден од 120-те активни вулкани во Индонезија.

Во меѓувреме, на индонезискиот остров Суматра, вулканот Марапи повторно еруптираше во неделата, по втор пат од декември, исфрлајќи чад и пепел високо во воздухот, а нема повредени.

Најмалку 100 жители се евакуирани од петокот поради вулканот Марапи.

На почеток