Македонија

Фирмата „Пан Интертрејд“ која сака да снабдува домаќинства со струја се фали себеси, а го критикува тендерот и обвинува за хајка

Фирмата „Пан Интертрејд“ која учествува со грчката ЕСД на тендерот за избор на универзален снабдувач, тврди дека работи успешно на пазарот, Наспроти информациите дека имаат оновачки влог од 10.200 евра, а обрт од 500.000 евра, со што се доведува во прашање дали исполнува услови за учество во оваа набавка, тие тврдат дека со ЕДС имаат вкупен број вработени од 12.000 и обрт од 12 милијарди евра.

Тие посочуваат дека има нееднакви услови на пазарот, а фирмата од Македонија нема поврзаност со српската, која е во процес на ликвидација.

„Пан Интертрејд ДОО Скопје повеќе години работи успешно на македонскиот пазар, иако се соочуваме со нееднакви услови, каде еден снабдувач има привилегирана позиција и користи државни субвенции, што преставува нелојална конкуренција за сите останати субјекти во секторот. Нашата компанија нема никаква поврзаност со компанијата од Србија која беше спомната во некои медиуми. На јавниот повик учествуваме во конзорциум со ЕДС, компанија ќерка на ППС со вкупен број на вработени од над 12,000 и годишен обрт од 12 милијарди евра. Нашата компанија е веќе подолго време во потрага по меѓународен партнер со кој би можеле да го развиваме бизнисот дополнително, и овој повик го искористивме за формализирање на таа соработка. Оттука, сите шпекулативни конструкции насочени кон создавање перцепција во јавноста дека станува збор за компанија со негативно портфолио, со нарачани прашања насочени кон дискредитација на конзорциумот, ги оценуваме како нечиј паничен страв од јавната аукција, која ќе ги извади на виделина причините за повеќе неделната хајка која се води против нашиот конзорциум“, велат од „Пан Интертрејд ДОО“.

Тие додаваат дека со оглед на фактот дека станува збор за компании со меѓународен кредибилитет, нема да дозволат нападите кон нив да го нарушат корпоративниот имиџ и да влијаат негативно на нашите деловни биланси.

„Доколку оваа нарачана кампања продолжи, нашите правни тимови ќе бидат принудени да преземат соодветни дејствија. Сите “загрижени” истражувачи на оваа тема ги упатуваме да побараат одговори на следните прашања: Зошто некој упорно се обидува да спречи конкуренција во понудите? Кој се плаши од намалена
маржа? Зошто клучните два услова, за работен капитал од 40 милиони евра, и позитивен биланс во последните три години, не постоеја на јавниот повик пред 5 години, и како магично се појавија на овој повик? Дали евентуално причината за тоа беше дека некој тогаш не можеше да исполни ваков услов? Конечно, апелираме до дел од медиумите да ги остават надлежните државни институции да одлучуваат исклучиво согласно законот и во интерес на граѓаните и домаќинствата. Евентуално политички мотивирана одлука или избор на нов универзален снабдувач ќе ја стави државата во неповолна положба и под закана од правни спорови и потенцијални високи отштети“, додаваат од фирмата.

Мистериозна фирма со ЕДС во трката за да снабдуваат домаќинства со струја – исполнуваат ли Грците услови за да го добијат тендерот

На почеток