Свет

Газел сѐ пред себе: Жена загина, најмалку 17 повредени во двоен напад во централен Израел, соопштија властите

Една жена на 70-годишна возраст е убиена, а 17 други се повредени во двојните напади во централниот израелски град Раанана, според изјавите објавени од болниците кои ги лекуваат жртвите на нападот.

Израелската полиција соопшти дека двајцата осомничени за двата симултани терористички напади биле жители на Хеброн. Хеброн е град во окупираниот Западен Брег. Полицијата соопшти дека тие влегле во Израел илегално и сега се во полициски притвор.

Осомничените украле возила за да прегазат голем број луѓе на повеќе локации, соопшти полицијата, додавајќи дека во областа се уште се вршат проверки за да се осигураат дека нема дополнителни закани.

На почеток