Македонија

Браќата од Тетово осомничени за пукањето се пуштени од притвор за 48 часа

Двете лица, браќа од Тетово, кои завршија во притвор поради пукањето пред тетовската болница каде беа повредени две лица, вчеравечер биле пуштени од затворот „Скопје“ во Шутка, дознава „Скопје1“. Тие зад решетки поминале 48 часа по барање на јавен обвинител, а притворот не е продолжен. Двајцата осомничени за пукањето се на слобода, додека за состојбата на жртвите засега е непозната.

„Скопје1“ попладнево побара одговори од Обвинителството – дали побарале продолжување на мерката притвор, но и зошто лицата се на слобода со оглед дека претходно поради можност за бегство и влијание на сведоци добија ефективен притвор. Оттаму нема одговор. Засега не е познато ниту дали е затворена предистрагата и дали е отворена истрага за случајот.

Тетовците кои завршија зад решетки се само двајца од четворицата осомничени во случајот со пукањето. Засега државните органи соопштија дека причината се нерасчистени фамилијарни односи. Пукањето беше пред Ургентниот центар на Клиничката болница. Едниот повреден беше во критична состојба.

Крвава пресметка и пукање во Тетово – две лица погодени од куршуми, едното во тешка состојба

Уапсени четири лица за пукањето во Тетово, едно во бегство – МВР со детали

На почеток