Свет

(Видео) Експлозија во Косово – две лица повредени

Заменик директор на на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани изјави дека синоќа во Митровица дошло до експлозија во која се повредени две лица.

Ељшани за Танјуг потврди дека околу 23.50 часот во близина на мотелот Бишевац експлодирала рачна бомба и додал дека две лица се повредени, од кои едно потешко.

– Во експлозијата се повредени две лица, од кои едно потешко, но се надвор од животна опасност. Оштетени се и седум автомобили – рече Елшани.

На почеток