Коментари

Повеќе личиме на башибозук отколку на држава, коментира Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска, дел од партијата „Твоја“, која ја промовира како алтернативна партија, преку ироничен коментар укажува дека граѓаните се постојано лажени од поголемите партии. Таа посочува дека не и е проблем да лаже ако треба.

„Ако е работата во тоа да се лаже, само кажете. Можам јас да лажам подобро и од Ковачевски и од Заев и Грујо и Мицкоски и Апасиев.
Ќе ви раскажам за Силната Македонија и за моќните фаланги и за неоткриените руди и за печените кокошки што паѓаат од небо и за големата промена и за…“, напиша Најчевска.

Во друга објава, посочува дека ова не личи на држава.

„Мислам дека веќе и олје и дојле се меша во внатрешните рабпти на државата. Повеќе личиме на башибозук отколку на држава“, додава таа.

Посочува и дека во Македонија, политичките елити бегаат од одговорност.

„Мразам дефетизам. И бегање од борба и од одговорност. Сите држави имаат предизвици со кои нивните граѓани треба да се изборат. Немам ништо против преселување од различни причини, ама да седиш овде, да креваш раменици и највисок дострел да ти е Апасиев. Е тоа не го разбирам“, напиша Најчевска.

Таа важи за критичар на сите политички елити.

На почеток