Македонија

(Видео) Седум колони, километарски колони – продолжениот викенд донесе хаос на границата со Грција

Хаос од гужви на граничниот премин „Табановце“ за влез во Грција. Продолжениот викенд донесе колони на возила кои чекаат да излезат до Македонија. Седум колони и километарски редици има пред пунктовите за проверка на МВР. Колоните се приближуваат споро, а поминуваат брзо на грчка страна.

Возачите велат дека чекаат и по час и половина, а пак, АМСМ нотира дека се чека по половина час. Гужвите на граничниот премин траат со часови.

Традиционално, секој продолжен викенд, сликата на оваа граница е иста.

На почеток