Македонија

Јанкулоска: Виновникот за прислушувањето, се надевам ќе се утврди во граѓанска постапка

Ексминистерката за внатрешни работи се огласи на ФБ по денешната ослободителна пресуда зс случајот „Тврдина”.

Борбата за правда прододолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето, напиша Јанкулоска.

Задоволна е од одлуката на судот.

„Календарски помина речиси една деценија, а како да поминаа три животи на некој што доживеал длабока старост. Само семејството и релативно мал круг блиски луѓе и пријатели знаат како изгледаа овие години.

Задоволна сум од денешната одлука на судот кој ги уважи нашите аргументи. Без оглед што во кривичната постапка не се утврди виновникот за масовното прислушување, што мене како една од најголемите жртви на овој монструозен чин и на моето семејство од корен ни ги промени животите и ни нанесе ненадоместлива штета, борбата за правда прододолжува и се надевам дека ако не во кривична постапка, тогаш во граѓанска постапка ќе се утврди кој го вршел прислушувањето“, напиша Јанкулоска.

На почеток