(Видео) Можеби јас требаше порано да заминам од политиката, рече Јанкулоска прашана за грешките кои ги направила


Требаше порано да заминам од политиката, вели ексминистерката за внатрешни работи и осудена за „Тенк“, Гордана Јанкулоска во „Претрес со Ландов“. Таа смета дека два мандати се доволни за една политичка функција. Смета дека човечки е да се греши, а грешките треба да се поправаат.
„Секогаш кога човек ќе погледне од временска дистанца, може да најде грешки, може да најде постапки и проекти со кои се гордее. Еве ако треба да речам нешто е грешка, а секако грешки има, можеби јас требаше порано да заминам од политиката. Кога сте предолго на една позиција, таа безмислосно ве троши. Тоа е завршено прашање“, рече Јанкулоска.
Таа додава: „Можеби не требаше да бидам девет години министер. Можеби два мандати треба да бидат максимум за било која политичка позиција.
Во поткастот, Јанкулоска даде одговори на досега непоставени прашања, но и ставови какви што не се очекуваа од неа:
