Македонија

Едно лице загина во страотната сообраќајка на патот Гевгелија- Богданци

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 19:45 часот на патот Гевгелија – Богданци.

Во несреќата учествувале четири патнички возила, две возила мерцедес, опел корса и хјундаи.

ЦУК Струмица соопшти дека патот е затворен, а сообраќајот се пренасочува преку с.Богородица.

ТППЕ Гевгелија е излезена со 1 ПП возило и 3 пожарникари, како и екипа на ПС Гевгелија кои вршат увид на местото на настанот.

На почеток