Македонија

Несреќа во струшко: „Рено“ излетало од патот, возачот во болница

На 19.01.2024 околу 22.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионален пат Р1201, кај место викано „Мороишки мост“, струшко, патничко возило „рено“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.З.(37) од с.Враништа, струшко, излетало од патот.

„Во несреќата, возачот И.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

На почеток